Доволно се само пет минути: Овој трик спасил многу бракови

Секојдневните фрустрации почнуваме да ги извлекуваме врз партнерот, а понекогаш со денови не ѝ кажуваме ниту еден убав збор на нашата понежна половина...

Почетокот на љубовната врска е многу возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста... Изливите на љубов и нежност на почетокот се постојани, но и интимни активности под чаршафите. А, тогаш кај повеќето парови, во некоја реална средина, се случува заситување. И не затоа што нивната љубов умрела, туку затоа што вистинскиот живот влегол во тие емоции.

Кога улогата на љубовник ќе се претвори во улога на работник, родител, готвач, дадилка, секретарка и возач, романтичната врска завршува на дното на листата на приоритети. Почнуваме да ги вадиме секојдневните фрустрации врз партнерот, а понекогаш и со денови не ѝ кажуваме ниту еден убав збор на другата страна. Брачните советници посочуваат дека оваа позната приказна е всушност една од главните причини за развод, па можеби треба малку да ги расветлиме нашите постапки и начинот на кој се однесуваме со саканата личност.

Тоа би можеле да го направиме со користење на револуционерното правило од пет минути што неодамна го воведе познатиот американски брачен психолог Белинда Вилијамс. Нејзиниот генијален трик кој ги спасува браковите е всушност многу едноставен, а многу парови истакнуваат како тоа им го спасило бракот.

Мали моменти на среќа

Станува збор за вежбање на таканаречените микро-моменти кои ќе го стават фокусот на вашиот партнер и вашата врска, а ние ги правиме целосно несвесно.

На крајот, спонтаните, мали моменти на среќа можат да ја променат целата врска на долг рок – и романтична и сексуална. Секој ден, посветете му барем еден микро-момент на партнерот – но само нему, без одвлекување. Прегрнете се еден со друг, држете се за рака додека одите на спиење, изразете благодарност секогаш кога ќе добиете прилика, погледнете се во очи и изразете љубов, не пропуштајте прилика да му кажете на вашиот партнер дека изгледа или мириса убаво.

Така брзо ќе ја создадете вашата нова рутина, без која секојдневието ќе биде незамисливо, а потоа ќе сфатите дека љубовта се уште е таму, таа само заспала, објаснува Вилијамс. Згора на тоа, секогаш прашувајте го партнерот како е на работа, што го радувало и што го растажило денес. Дали имал сладок момент со детето и дали има нешто што би сакал да сподели со тебе.