Драма во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека малтретирал девојка под дејство на алкохол и кокаин
Норвешкото кралско семејство веќе неколку дена е под голем притисок од јавноста поради настаните кои во моментов им се случуваат. Имено, синот на принцезата Мате Марит, Мариус Борг (27) завршил во притвор каде поминал 30 часа, а сето тоа поради инцидент во стан во Осло.
Го пријавила 20-годишна девојка затоа што, според неа, „ја нападнал физички и психички“ и поради тоа била хоспитализирана. Мариус призна дека ја малтретирал со објаснување.
- Бев на кокаин - кратко рекол и му се извини на семејството за стореното и за лошите постапки.
Тој и се извини на таа девојка, пишува „Дејли мејл“.
Во изјавата што ја дал преку својот адвокат, тој признал дека има неколку ментални нарушувања, како и злоупотреба на супстанции.
- Минатиот викенд се случи нешто што никогаш не требаше да се случи. Извршив телесни повреди и уништување на предмети во станот во алкохолизирана состојба по расправија и земање кокаин. Имам неколку психички пореметувања, долга борба со злоупотреба на супстанци, поради што се лекував во минатото. Употребата на дрога и моите дијагнози не го оправдуваат она што се случи. Сакам да одговорам за стореното, а ќе дадам искрен исказ во полиција. Најважно ми е да и се извинам на девојкаta. Таа не го заслужи тоа што се случи таа вечер, ниту екстремниот притисок од норвешките и странските медиуми после тоа – се наведува во соопштението.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Ona.rs