Другарот Тито како се сонча во црвени гаќи: Креативност на ниво

Во градот Ровињ во Хрватска се појави мурал на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито во црвени гаќи, а авторот тврди дека нема политичка порака.
Како што пишуваат хрватските медиуми, муралот го дизајнирал и насликал уличниот уметник Борис Баре. Според објавата на Баре на неговиот Инстаграм профил, муралот се вика „El prezidente“, а локацијата на која Тито ужива е Националниот парк Бријуни, место кое Тито сакал да го посети.
„Темата е лето и уживање. Нè поканија и работевме таму последните дванаесет дена, насликавме педесетина дела на приближно 1500 квадратни метри. Не се работи за никаква политичка порака, Бријуни се релативно блиску, па тоа беше асоцијација“, вели уметникот за хрватски „Јутарњи“.
Баре е познат уличен уметник во Хрватска, кој во ноември лани заедно со неговата колешка Марија Кунштек за 11 дена обоија површина на возот од 400 квадратни метри.
Тито и натаму е инспирација за многу генерации.