Духовниот советник на Доналд Трамп во бизарно видео ги повикува ангелите од Африка за победа
ПОЛА ВАЈТ, т.н. духовен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, стана вирален хит откако на социјалните мрежи се прошири видеото од кое таа повикува на победа.
Вајт, која минатата година стана и официјален член на неговата администрација како религиозен советник во Канцеларијата за односи со јавност, повторува зборови и реченици во снимката што звучат како мантра и заклучува дека „го слуша звукот на победата“.
Во страствен перформанс кој на моменти звучи како „рапување“, Вајт ги спомнува и „ангелите што доаѓаат од Африка“.
Пола Вајт е многу карактеристична личност, дури и во светот на протестантските телевизиски проповедници или „телевангелизатори“.
"Каде и да одам, Бог владее. Кога шетам по подот на Белата куќа, Бог оди по земјата на Белата куќа. Имам целосно право и овластување да го прогласам теренот на Белата куќа за свето тло затоа што стоев таму, и каде што стојам е свето", рече таа во еден од нејзините настапи.
"Да му кажете " не " на претседателот Трамп ќе значи да му кажете " не " на Бога. И јас нема да го сторам тоа", рече таа.
Се разбира, Вајт исто така бара пари од своите следбеници.
"Треба да ги испратите тие 3.500 американски долари за донации. Треба да ги испратите тие 35.000 долари. Треба да испратите чек за 100.000 УСД", им рече на своите следбеници во телевизискиот настап.