„Душо, ќе ти ги мијам садовите“: Италијанката ја соблече опремата и покажа какви атрибути поседува

Многу спортистки привлекуваат внимание не само поради нивните резултати, туку и поради нивниот изглед. Така е и со италијанската дигачка на тегови, Џулија Империо, која е шампион на Европа.

Империо има 22 години, а во последните години стекна голема популарност, па на Инстаграм има речиси 800.000 следбеници, што е импресивна бројка за дигач на тегови.

На една од социјалните мрежи се појави кратка компилација од нејзините настапи на натпревари, а еден детаљ ги полуде Арапите.

Имено, Империо се пресоблекуваше по настап, а нејзините гради дојдоа до израз, а токму овој детаљ ги доведе до лудило некои Арапи на социјалните мрежи.

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм

View this post on Instagram

A post shared by ورزشی . انگیزشی و اخبار مهم روز دنیای ورزش (@olympics_ir)


„Душо, ќе ти ги мијам садовите“; „Фала му на Бога, фала му на Бога“; „Нели е преубава за да биде спортист“, се само дел од коментарите на Арапите.

Империо, родена 2001 година, одеднаш стана голема ѕвезда во светот на кревањето тегови. Страста за кревање тегови се разгоре во 2018 година.

Таа потоа го освои сребрениот медал на Европското младинско првенство во кревање тегови. Тој ран успех ги постави темелите за нејзината ветувачка кариера.

View this post on Instagram

A post shared by Giulia Imperio (@giuliaimperioo)


Во 2019 година, Империо продолжи со своите силни резултати во светот на кревањето тегови со тоа што обезбеди бронзен медал на Светското првенство за јуниори во кревање тегови што се одржа во Сува, Фиџи.

Врвот во кариерата на Империо беше во 2022 година, кога беше крунисана европска шампионка на престижното натпреварување што се одржа во Тирана, Албанија. Големиот успех го зацврсти нејзиниот статус на ѕвезда во кревање тегови на Стариот континент.

View this post on Instagram

A post shared by Giulia Imperio (@giuliaimperioo)


По европскиот триумф, Империо уште еднаш ја покажа својата сила на Медитеранските игри во 2022 година, каде што освои два златни медали.

Инаку, Империо се уште нема обезбедено настап на Олимписките игри во Париз, а последната шанса ќе ја имаат во април за кога е закажано Светското првенство.