Сите потекнувале од Ева, а таа од померанец: Оваа девојка си стави ланец за шетање кучиња околу својот врат
На британската телевизија This Morning неодамна се појави дваесетгодишна девојка која себеси се нарекува Милк, а јавноста ја остави во неверување кога изјави дека се идентификува како куче – и тоа не било кое, туку померанец.
„Почнав да се идентификувам како куче минатата година. На TikTok ми се појави видео и буквално се вљубив. Од мала сум опседната со најслатките кучиња на светот. Бидејќи сум ниска, некако тоа совршено ми прилега,“ изјави Милк во емисијата.
Играчки, „handler“ и кучешка енергија
Милк објасни дека не само што се облекува и се однесува како куче, туку има и сопствена колекција кучешки играчки, како и свој „handler“ (водич) по име Стар. Тој ја шета, си игра со неа и организира „кучешки игри“. Иако не се движи на сите четири, тврди дека целосно ја живее својата „кучешка енергија“.
„Луѓето се премногу чувствителни. Ова е само моја работа и никому не му пречи. Сакам само да се забавувам и да уживам,“ вели Милк, која дури планира да си вгради вампирски очњаци за целосен „fursona“ изглед.
Поддршка и потсмев
Иако некои нејзини пријатели се скептични, Милк има поддршка од својот татко Мајк, од нејзиниот handler Стар, како и од армија онлајн обожаватели. На социјалните мрежи редовно ги споделува своите трансформации, а следбениците ја охрабруваат со коментари како: „Остани верна на своето кучешко срце.“
Секако, реакциите се поделени – многумина сметаат дека ова е уште еден пример како интернетот наградува екстремни однесувања, додека други го гледаат како безазлена забава и личен избор.