Е ОВА Е ЛУКСУЗ: 14 милиони евра за најскапата елка во светот
Кога станува збор за китењето елки, традицијата секаде е различна, но едно е исто! Елките изложени на јавните места најчесто се скапи, посебно оние во големите светски метрополи
Луксузниот хотел „Кемпински“ во Марбеља, Шпанија е местото на најскапата божиќна елка во светот. Дури 13, 95 милиони евра!!! Вредноста е постигната поради исклучително вредните украси.
Деби Вингам, британска дизајнерка и стручњак за дијаманти, која светот ја запозна по изработката на најскапите чевли на светот (дури 15 милиони долари) ја облагороди елката со прескапи украси со дијаманти, целосно рачно изработени. На елката се наоѓаат и некои од најскапите уметнички дела од цел свет.
Исклучително вредни црвени, розови, бели и црни дијаманти се забележуваат на елклата, четири каратен сафир и рециклиран накит на најпознатите брендови, но и класична декорација и традиционални слатки без кои празниците не можат да поминат.