Е ова е златна рипка- рибиште: Но фати, ама душа му излезе! Дали му исполни три желби?

Рибарот Енди Хакет успеал да улови златна рипка тешка дури 30 килограми.

Недостижната риба, позната како морков поради својата портокалова боја, беше внесена во езеро во Шампањ, Франција пред 20 години, и оттогаш се покажа многу тешко да се фати.

На рибарот Хакет му биле потребни 25 минути за да ја извади рибата. Вели дека душата му излегла додека ја фатил, дека била многу борбена и дека морал многу цврсто да стои на тлото за да не го повлече во вода.

Инаку, оваа риба е хибриден вид вкрстен со јапонски „кој“ крап и се верува дека е вториот по големина уловен некогаш. Златната рипка или крапот припаѓаат на семејството на крапови, но обично не ја достигнуваат оваа големина.

Џејсон Каулер, менаџер за рибарство, рече дека тие ставиле ваква риба во езерото пред околу 20 години како нешто различно за луѓето да ловат.

„Од тогаш таа растеше и растеше и не излегуваше многу често. беше видена на разни места низ езерото, се плетеа приказни дека е некаков портокалов ѕвер, дека е многу опасна. Сепак не е, и не е златна рипка која остварува желби, освен желбата на поединци да биде фатена оти беше недофатлива“, рече тој.