Се вратила дома 2 години откако била погребана: Мистеријата за исчезнатата Вини (ВИДЕО)
Млада девојка од Замбија почина по кратко боледување во 2016 година и по три дена семејството ја погреба. По две години оваа девојка се појавила на вратата од нејзината куќа збунета и со искината облека.
Почетокот на овој текст изгледа како вовед во некоја хорор приказна, но ова е случај кој навистина се случил.
Овој несекојдневен настан стана главна тема во градот, а телевизиите и радиостаниците редовно ја информираа јавноста за тоа.
Девојчето се викало Вини Луфуња и во моментот на ненадејната смрт имала 16 години.
Вини боледувала од некоја чудна болест, за која лекарите немале објаснување. Нејзината мајка ја носела во различни болници, но болеста не поминала и таа се влошувала.
На крајот се случило најлошото - Вини починала од оваа необична болест на 9 ноември 2016 година, а три дена по нејзината смрт беше погребана според христијанските обичаи на локалните гробишта.
Воскресение
По две години, на вратата на г-дин и г-ѓа Луфуња се појави млада жена од околу 18 години, која многу личеше на починатата Вини, тврдејќи дека е нивна ќерка.
Кога во целосен шок и кажале дека ја закопале пред две години, таа им рекла дека не знае кого закопале, но дека не е таа, туку растение банана.
Г-дин и г-ѓа Луфуња не се сомневале дека тоа е нивната почината ќерка и ја пуштиле во куќата.
Таа им раскажала како непознати лица ја киднапирале и ја однеле на место кое личело на фарма. Тоа било место каде што се работело многу и каде имало уште многу луѓе.
Рекла и дека и била направена магија, додека таа и другите не биле ослободени од влијанието и не се вратила во својот дом.
Исчезната девојка
Толпа луѓе, откако слушнале за враќањето на починатото девојче, се упатиле кон куќата на нејзините родители да ја видат, додека некој во меѓувреме повикал полиција.
Дошла друга жена од соседното село и кога ја видела Вини извикала: „Ова е мојата ќерка која исчезна пред две години!“.
Можеме само да го замислиме метежот во куќата меѓу толпата, додека Вини постојано повторувала дека нема поим која е жената и дека г-дин и г-ѓа Луфуња се нејзини родители.
ДНК анализа
Полицијата била уште повеќе збунета од овој неочекуван пресврт, зеле примероци од ДНК од двете страни и од Вини и ги замолиле г-ѓата и г-дин Луфуња да ги однесат до местото каде што Вини била погребана.
По ексхумацијата нашле коски со коса кои личеле дека се од жена и на крајот се што можеле да направат е да го напуштат местото со ДНК примероците, надевајќи се дека оваа мистерија наскоро ќе биде решена.
По две недели, полицијата се вратила со резултатите од ДНК тестот и се испоставило дека Вини е навистина ќерката на жената која тврдела дека исчезнала пред две години.
Така, случајот бил, барем формално, решен и Вини се вратила дома со жената, додека сите си го продолжиле својот нормален живот.
Што навистина се случило?
Но оваа приказна се уште не е завршена...
Г-ѓа Луфуња, која била присутна на ексхумацијата, тврдела дека нејзината ќерка оживеала и дека не можела да згреши кога го идентификувала детето што го родила.
Жената која ја подготвувала Вини за погреб во 2016 година, тврдела дека се сеќава на нејзините бенки и дека девојката што се појавила во куќата на г-дин и г-ѓа Луфуња ги има истите бенки.
Дури и Вини тврдела дека не ја познава жената која тврдела дека и е мајка, дека никогаш не ја видела и не знаела ништо за неа.
Од друга страна, оваа девојка знаела се за г-ѓата и господинот Луфуња, вклучувајќи ги секако и нивните имиња и сите моменти кои ги поминале заедно. Таа дури знаела и некои интимни работи кои само ова семејство можело да ги знае.
Знаела се и за мртвото девојче за кое тврдела дека е.
Одењето во ново семејство за кое не знаела ништо, дури ни нивните имиња, бил нов почеток за неа.
Фото: Принтскрин /ЈутјубИзвор: Misteriozno.com