Еди Рама и во Блед носи патики: Модерен политичар, обувки од 250 до 10.000 евра

Модерен политичар!

Никој од Балканските лидери не може да го замени во изборот на патики. Тој ги има за секоја пригода. 

Толку многу се зборуваше за неговиот стил што медиумите веќе не знаеја за што побрзо да известуваат. Премиерот на Албанија, Еди Рама е многу ексцентричен во облекувањето, дури и екстремен на моменти. 

Албанскиот премиер ги шокираше сите учесници, вклучително и новинарите, со својот смисол за хумор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија кој се одржува. Зборувајќи за доминантната теза на Форумот дека, поради агресијата од страна на Русија, треба да се забрза евроинтеграцијата на Украина, ако треба и со политичка одлука, Рама рече дека, ако тоа помага, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе!


Инаку, Поранешен спортист. Комбинира се и сешто. Патиките ги носи на костум. Некои чинат 245 долари или 223 евра, а за некои се верува дека ги има купено и за 10.000 евра.

Носи необични панталони, како оние на Јамамото со цена од 962 фунти или 1.064 евра.