„Единствена љубов моја, чекај ме“: Убиениот вереник на Јелена КАРЛЕУША- „Цеца е виновна“
Зоран Давидовиќ, познат по прекарот Ќанда, беше убиен на 23 март 2000 година, на автопатот Нови Сад - Белград, додека се враќал од погребот на Бранислав Лаиновиќ.
И Давидовиќ и Лаиновиќ беа познати како опасни момци од криминалното досие во Србија.
Ќанда на пошироката јавност и стана познат како момчето на Јелена Карлеуша, која тој ден ја избегна смртта само благодарение на тоа што во последен момент се откажа да оди на погреб.
Еден месец пред убиството се појавила лажна вест дека Ќанда е убиен. Тогаш Јелена Карлеуша за медиумите изјави:
- Господ ги штити добрите, чесните и паметните луѓе, а ги казнува оние кои не се такви. Кој како што живее, така и поминува. Знаејќи го тоа, јас и Зоран сме мирни и сигурни дека ќе доживееме длабока старост.
Јелена по убиството во бројни некролози напишала - Единствена љубов моја, чекај ме. Тоа биле последните зборови кои и ги упатила на Ќанда.
Ќанда бил лудо вљубен во Јелена и ја планирал иднината со неа, а за локалните медиуми тогаш изјавил дека неговата врска со пејачката била добро прифатена во неговото семејство и меѓу пријателите.
- Сите беа воодушевени од нашата врска. Додуша, половина од нив беа оптоварени со предрасудите дека пејачките се вообразени, особено оние кои се толку популарни. Но, кога ја запознале Јелена сите биле фасцинирани. Не можеа да поверуваат дека е толку пријатна и директна. Мама ми рече: „Браво сине“. Убава е, паметна е, убаво пее“. – откри тогаш Ќанда.
Јелена тогаш призна дека реакциите на нејзините најблиски не биле баш сјајни.
- Поради приказните кои се вртеа за него, реакциите не беа особено позитивни. За среќа, Зоран ја запозна мајка ми многу пред да се видиме. Мама Дивна и Зоран дури одвреме-навреме разговараа и на телефон. Се сеќавам дека по еден нивен разговор, кога ја прашав со кого разговара, таа ми одговори: „Со Ќанда“, а потоа додаде дека тој е многу добро момче и дека чувствува како да и е син во претходниот живот или помало мое братче – открила Јелена, заклучувајќи дека ја имала поддршката од нејзината мајка.
Во интервјуто кое го дадоа за магазинот „Тина“, Јелена и Ќанда открија што им се допаѓа еден кај друг.
- Веднаш ми беше јасно дека Јелена е прекрасна девојка и одлична пријателка. Впрочем, да не беше таква, немаше да бидеме заедно - рекол Зоран, додека пејачката била малку поречита.
- Сакам отворени, нормални, пријатни, културни, фини и неполирани луѓе. Пред да го запознаам Зоран, постојано „налетував“ на луѓе кои не одговараа на тој опис. Зоран се однесуваше како отсекогаш да бил член на моето семејство. Порано не верував дека има некој што е, до тој степен, во „фазон“ на мајка ми, тетка ми, баба ми и мене. Нашиот свет е светлосни години далеку од сите овие работи што се случуваат. Неизвалкан и некорумпиран и Зоран одлично се вклопи во него.
Таа потоа откри зошто љубовта и поддршката на Давидовиќ и се толку важни.
- Долго време мислев дека сум доволно силна да го поминам животот сама, без „грб“. Но, се покажа дека е речиси невозможно. Од кога сум кај Зоран, се ослободив од разни луѓе и темпераменти, кои сакаа на овој или оној начин да „изгребат“ парче од мојата слава. Како крлежи, тие ја цицаат позитивна енергија. Поради ваквите ликови многу ѕвезди останаа празни, без идеи, без амбиции... Не бев подготвена да прифатам таква ситуација. Сакав крајно чесно да си ја работам работата, а не да се борам со оние кои се обидуваат да ми застанат на патот – признала тогаш Јелена.
Иако го поврзуваа со белградското подземје, вистината е дека Зоран Давидовиќ никогаш не бил осуден, што Јелена често го истакнувала.
- Понекогаш ме нервира што има маска која изгледа груба и воинствена. Со оглед на тоа дека најдобро знам што се крие зад тоа, тврдам дека е потценување да се каже дека е романтично. Понежен и почувствителен човек не сум сретнала – еднаш изјави Карлеуша, чии соништа набргу се срушија кога Зоран беше убиен. Неговото убиство никогаш не беше разрешено.
Јелена Карлеуша е убедена дека Цеца Ражнатовиќ е виновна за убиството . Непријателството меѓу пејачите трае речиси 20 години. Курир Старс откри дека ЈК и Цеца почнале да се караат додека бил жив Жељко Ражнатовиќ Аркан, бидејќи Цеца била љубоморна што нејзиниот сопруг често бил во друштво на Ј.К. Извор на Курир близок до Калеуша тврди дека и по толку години таа верува дека зад ликвидацијата на Ќанда стои нејзината ривалка.
- Јелена во неколку наврати во друштвото ги изнесувала деталите од разговорот на Ќанда со Цеца по убиството на Аркан. Зборовите на Светлана се уште одекнуваат во нејзината глава дека ќе бидат ликвидирани. Миле Новаковиќ вели дека Ќанда е убиен како одмазда за убиството на Аркан
- Факт е дека Ќанда е убиен од Земунски клан. Можно е тоа да е наредба на шефот на кланот Душан Спасојевиќ. Убиен е во потрага по можните убијци на Аркан - истакнува Новаковиќ кој тврди дека Цеца се дружела со водачите на „земунскиот клан“, поради што на почетокот на 2000 година е уапсена во акцијата „Сабја“. Кога Аркан бил убиен, а два и пол месеци подоцна, Ќанда, Карлеуша тогаш јавно тврдеше дека била присутна на телефонскиот разговор, кој се случил по убиството на Аркан, во кој Цеца, наводно, отворено му се заканувала на Ќанда: „Ќе ви се влечат цревата низ Белград! затоа што седев до него, слушнав се- рече Карлеуша.