„Единствениот начин да бидете здрави е да јадете она што не ви се допаѓа, да пиете она што не го сакате и да го правите она што не ви се допаѓа“

Танцувајте како никој да не ве гледа. Пејте како никој да не ве слуша. Сакајте како никогаш да не ве изневериле и живејте како да има рај на земјата.

Афоризмите на Марк Твен - американскиот писател и хуморист, се применливи и денес:

-Ако прифатите гладно куче и го нахраните, тоа нема да ве гризе. Тоа е разликата помеѓу кучето и човекот.

-Човекот е најискрен кога ќе си признае дека е лажго.

-Човек што не чита добри книги нема предност пред човек кој воопшто не знае да чита.

-Човечкиот род има само едно навистина ефективно оружје - смеата.

-Ако немате што да кажете, тогаш не кажувајте ништо.

-Улогата на пријателот е да биде со вас кога ќе направите грешка. Кога сте во право, сите ќе бидат покрај вас.

-Избегнувајте ги оние што ги омаловажуваат вашите амбиции. Само мали луѓе го прават тоа, додека навистина големите луѓе прават да чувствувате дека и вие можете да станете големи.

-Не дозволувајте школувањето да ве попречи во вашата едукација.

-Прекрасно е што се пронајде Америка, но ќе беше уште подобро ако ја промашиле.

-Добрината е јазик што глувите можат да го слушнат, а слепите да го видат.

-Нашите животи ќе беа неизмерно посреќни ако можеме да се родиме на осумдесет години и потоа да се приближиме накај осумнаесеттата година.

-Веднаш штом откриете дека сте на страната на мнозинството, итно треба да направите нешто со себе.

-Нема потажна сцена од млад песимист.

-Читајте здравствени книги многу внимателно. Може да умрете од печатна грешка.

-Потребни ви се две работи за да успеете во животот: игнорирање и самодоверба.

-Единствениот начин да бидете здрави е да јадете она што не ви се допаѓа, да пиете она што не го сакате и да го правите она што не ви се допаѓа.

-Подобро е да молчите и да изгледате како будала, отколку да зборувате гласно и да потврдите дека сте будала.

-Никогаш не се расправајте со идиоти. Тие ќе ве спуштат на нивното ниво и ќе ве победат со искуство.

-Сретнав луѓе кои едвај се промениле за триесет години, но нивните жени старееја. Сите тие беа искрени жени, а искреноста страда многу.

-Ние ги обожаваме луѓето кои во лице ни кажуваат што мислат, под услов да мислат исто како и ние.

-Никогаш не оставајте нешто за утре кога можете да го одложите за задутре.

-Да живееме така што утре и гробарот ќе жали што умревме.

извор;stil.kurir.rs
фото:profimedia