Една од најубавите жени во светот никогаш не ги депелираше пазувите: Софија Лорен редовно го покажуваше тоа и пред 70 години на никој не му пречеше

Недепилираната пазува денес е целосно спротивна на стандардите за убавина, иако секако секој има право да избере дали ќе се депилира или не. Оваа втора опција пред 70 години редовно ја избираше светската ѕвезда Софија Лорен, која важи за една од најубавите жени во историјата.

Софија Вилани Шиколоне, попозната како Софија Лорен, достигна светска популарност кон крајот на педесеттите и во текот на шеесеттите години на 20 век. Во моментите на најголема слава, таа редовно се појавуваше со коса под пазувите, без разлика дали носеше гламурозни фустани без ракави или костими за капење. Во сите изданија и тоа како се забележуваше тој „детаљ“.


И денес на интернет често се објавуваат вакви нејзини фотографии (од педесеттите и шеесетите), кога се пишува за трендот на природен изглед, кој го поддржаа Џулија Робертс, Лејди Гага, Мајли Сајрус, Мадона неколку години откако Софија го промовираше „ контроверзниот изглед“.…

Кога ќе се појават фотографии од овие ѕвезди со влакна на пазувите, нивниот изглед најчесто се коментира негативно. „Не“ за депилацијата денес е многу поконтроверзно отколку во педесеттите или шеесетите. Дали влакненцата се навистина толку „страшна работа“ или само ни рекле дека се?

Софија Лорен (89) и денес важи за икона на убавината и стилот. Во својата актерска кариера од 1950 до 2014 г. глумела во 200 филмови.


Прославената актерка, која го одбележа својот 89. роденден четири дена претходно, паднала и се здобила со повеќе скршеници на колкот.

Таа била пренесена во болница каде, како што пренесуваат локалните медуми, ѝ биле констатирани неколку скршеници на колкот.

Во швајцарската болница Софија била подложена на операција, која се чини дека беше совршено успешна, но ќе ја принуди да мирува, по што потоа ќе може да започне со рехабилитација. Времето на закрепнување, сепак, не треба да биде претерано долго. До неа се нејзините два сина Едоардо и Карло.