Ех дедо, дедо, блазеси ти: „Улови“ 42 години помлада девојка со која се снима додека разменуваат нежности

Љубовта е бескрајна и не познава старосни граници, или како што вели една песна - вистинската љубов не брои години? Да беа Дејвид (70) и Џеки (28) од Балканот, сигурно ќе си ја потпевнуваа, но од нивниот профил на ТикТок велат дека годините за нив се само бројка.

Се запознале прекуапликација за запознавање во 2016 година, кога Дејвид бил во посета на Филипините, родната земја на неговата сегашна сакана. Тогаш излегле на неколку состаноци, а нивното дружење и меѓусебно додворување набрзо се претворило во вистинска романса која не ја кријат, и која со задоволство ја покажуваат на другите на социјалните мрежи.

Парот се венчал во 2018 година и оттогаш живее во Оукленд, Калифорнија, а Џеки во меѓувреме отворила профил на TikTok каде објавува како изгледа секојдневието на љубовниците кои се разлика четири децении.

@dave_jackie2818Have a nive weekend everyone#agegapcouple#agegaprelationship#husbandandwife#jackieanddave#42yrsagedifference#lovedontjudgeI Get to Love You - Acoustic - Mysha Didi

Се разбира, на некои не им требаше многу време да заклучат дека „дедо си донел дома спонзоруша која сакала виза за престој во САД“, и дека „тој е со едната нога во гробот, а таа е свежа како утринска роса“. Сепак, Дејвид и Џеки се уште се заедно и често објавуваат видеа на кои се потсмеваат на тие лоши коментари за нив.

Сакаат да објавуваат и како разменуваат нежности, а во меѓувреме во коментарите почнаа да се појавуваат сè поголем број луѓе кои ги поддржуваат.

@dave_jackie2818Jackie and Dave#agegapcouple#agegaprelationship#husbandandwife#jackieanddave#42yrsagedifference#positivevibesMoments We Live For - Acoustic Version - In Paradise

„Знаете што? Дури и ако таа е по неговите пари, таа го прави среќен. И мило ми е што ја има наоколу, се надевам на истото", „Љубовта е љубов", „Само напред, сестро! Пушти ги хејтерите“, „Многу се сомневам дека таа е спонзорот. Живеат скромен живот и и двајцата делуваат среќно“, се дел од коментарите кои можат да се прочитаат под видеата кои парот ги објавува, а на ТикТок ги следат од околу педесет илјади луѓе.


Фото и Видео: ТикТок