Експертите ви откриваат: Колку пати дневно треба да се тушираме?

Најкраткиот одговор на прашањето колку често треба да се тушираме во денот би гласел – не премногу.

Зошто?

Всушност, како што објаснува докторот Ранел Хирш, пречестото туширање може негативно да влијае врз кожата, особено доколу се туширате со топла вода. Иако, врелиот туш максимално ги отстранува бактериите од кожата, сепак е тежок при директниот контакт со кожата на која се созадаваат микроповреди.

Ако се уште се сомневате..

Најсигурниот показател кој може да докаже дека овие стручнаци кои го бранат овој став се во право е и фактот дека голем број дерматолози не препорачуваат бебињата и децата до три години да не се бањаат секој ден. На тој начин кожата не е доволно изложена на бактерии и други лоши влијанија, па се зголемува можноста за појава на алергија.

Која е вистинската мера?

Експертите веруваат дека треба да се тушираме на секој втор или трет ден. Секако, одредени делови од телото имаат потреба од секојдневна нега. Тука спаѓаат гениталиите, лицето, градите и пазувите.