Елиминирајте го стресот со методот „Пеперутка“! Психотерапевт открива како правилно да ја изведете оваа техника!
Кога сте вознемирени, анксиозни
и треба да се вратите во рамнотежа, методот „пеперутка“ ќе ви помогне во тоа
Психотерапевтот д-р Весна Даниловиќ им помага на луѓето да го подобрат својот животен стил, меѓу другото и со тоа што ги учи да применуваат различни техники.
Една од нив е техниката „пеперутка“, која е брза и ефикасна алатка за решавање на стресот, вели д-р Даниловиќ и објаснува како се изведува:
Седејќи, прекрстете ги рацете над градите и ставете ги дланките на рамената.
Потоа тапкајте ги рамената со дланките - како пеперутка што мавта со крилјата - брзо и наизменично, со левата и десната дланка, десет минути со затворени очи.
Дишете полека и длабоко, набљудувајќи што се случува во вашето тело и ум.
На овој начин ги стимулирате мозочните хемисфери, го ублажувате стресот и го балансирате телото.
- Методот е погоден и ефикасен за работа со деца. Преку играта, со наизменично тапкање лево и десно по нивните раменици или колена, ќе ги смирите и ќе постигнете рамнотежа во нивното тело - истакнува д-р Весна.
Фото: unsplash
извор: информер