Етичко и корисно решение: Како рециклирањето на косата во Белгија помага во заштитата на животната средина?
Покрај стилизирањето и одржувањето на косата на клиентите, фризерите во Белгија од неодамна учествуваат во посебен проект поврзан со заштита на животната средина. Еве за што се работи.
Неколку фризери од Белгија деновиве, откако ќе ја завршат фризурата, внимателно ја собираат косата на клиентите од подот и наместо да ја фрлат во ѓубре, ја предаваат на невладина организација која се занимава со заштита на животната средина и води проект т.н. Рециклирање на косата, чија цел е во специјална машина да претвори прамени и локни од косата во предмети во форма на коцки кои на прв поглед личат на душеци, но чија улога е многу поважна - затоа што можат да се користат за апсорпција на јаглеводородни мешавини кои ја загадуваат околината или може да послужи како компонента во производството на биоразградливи кеси.
Коосновачот на проектот, Патрик Јансен, тврди дека еден килограм коса може да се преработи во производ кој апсорбира 7 до 8 литри масло и дека поради оваа причина може да се стави во одводи со цел да го „апсорбира“ загадувањето, пренесуваат агенциите.
„Нашите производи се уште поетички затоа што се произведуваат локално, а не се увезуваат од другата страна на планетата“, изјави тој за Ројтерс.
Косата има неколку својства кои ја прават пожелна за различни намени, пред се е познато дека еден прамен може да издржи и до 10 милиони пати поголема тежина од неговата, но и дека косата е многу еластична и има моќ да апсорбира масти и јаглеводороди. Освен тоа, она што е исклучително важно кога станува збор за животната средина е тоа што е природен материјал кој е растворлив во вода.
Една од десетиците фризерки во Белгија кои се вклучени во споменатиот проект и плаќаат мал надомест за истиот е Изабел Воулкидс, сопственичка на салонот Хелиоде во Брисел.
„Мене лично ме мотивира мислењето дека денес е срамота да се фрлаат влакна во ѓубре, бидејќи знам дека со тоа може многу да се направи“, вели таа.
The Hair Recycle project in Belgium recycles human hair to help protect the environment https://t.co/EdyU6fr63a pic.twitter.com/lLkM4KXytd
— Reuters (@Reuters) December 29, 2022
извор:nationalgeographic