Еве како изгледа круната на македонската кралска елита
Македонската Каусија или таканаречена круна била препознатлив декор на македонската кралска елита во македонското кралство од антиката.
Во науката, македонската каусија се‘ уште останува ретка особеност на македонската елита/ аристокатијата, а пурпурната боја на каусијата го означувала кралското потекло на носителот или неговите најблиски.
* Александар МакедонскиДатира од крајот на 4 век пр.н.е, а нејзиниот настанокот е поткрепен со бројни археолошки наоди (релјефи, фрески, монети…). Династии на македонски кралеви го носеле овој детаљ на главата кој лили на капа, а важел за своевидна круна. Токму според овој дизајн, создадени се и популарните беретки.
Каусијата била изработна од најразлични природни материјали кои биле надополнети со злато и разни други скапоцености, а се носеле и во поход и во војна и во кралските дворови. Претежно ја носеле мажи.
Се јавува под името „пакол„ или „пакул„ а во Читрал во Пакистан на локалниот ковал јазик се нарекува „капол„. Најраспространета е во Авганистан, Пакистан и делови од Индија како материјално-културна оставнина од походот на Александар III Македонски и неговата војска.