Еве како изгледа куќата во ромското село на човек кој завршил 4 одделенија од основното училиште

Мачвански Причиновиќ, село во општина Шабац, го носи епитетот на најбогато ромско населено место во Србија – и тоа со причина. 

Каде и да погледнете, опкружени сте со величествени градби кои повеќе потсетуваат на луксузни вили отколку на селски куќи. Фасадите се средени до перфекција, дворовите уредени, а базените и раскошните ковани огради речиси се стандард.

Во ова село, богатството е видливо на секој чекор, но и внимателно чувано. Дури и лавовите – често симбол на луксуз на капиите на имотните куќи – се присутни, но скриени. Не се изоставени, туку се внимателно заштитени – покриени со церади или стаклени витрини, за да не ги оштети прашината, калта и временските непогоди. Во Причиновиќ, естетиката и престижот одат рака под рака со практичноста.

Фото: Printscreen TikTok/ bozic.uros

Она што новинарот Урош Божиќ имал привилегија да го направи, а што ретко кој успева – влегол во неколку од тие раскошни домови. Некои куќи му ги отвориле сопствениците лично, додека во други го дочекале луѓе задолжени за одржување на имотите додека газдите се во странство.

Една куќа особено привлекла внимание – во сопственост на семејството Марковиќ. На прв поглед, нејзиниот екстериер остава без здив, но она што го затекнал Урош внатре било необично и впечатливо: целиот мебел бил покриен со заштитни платна.

Кога една госпоѓа, која ја вовела екипата во куќата, го открила мебелот покриен за да не паѓа прашина врз него, столиците биле тапацирани со златен материјал.

А кога прошетале низ куќата, немало многу изненадувања кога станува збор за декорацијата – многу мермер и многу злато, и навистина целиот призор оставал без здив. На овој или оној начин.


Урош дури разговарал и со некои мештани, па ги прашал и за образованието.

„Јас завршив четири одделенија, не повеќе. Мојот син исто четири одделенија“, рекол еден од мештаните на селото и сопственик на една од најубавите куќи во селото.

@bozic.uros Vile, palate, bazeni, avioni, kamioni… #fyp #foryoupage #tiktok #balkan #svadbaodmilionevra #urosbozic #happytv #kuće #romskesvadbe #romi ♬ original sound - bozicuros

Во коментарите под неговата објава, некои се прашувале каде работат, па толку заработуваат, други им го оспорувале вкусот и поимањето на стилот, додека трети имале само да кажат – за почит.

Извор: still.kurir