Еве што се случува со телото кога користите стероиди
Иако даваат добри резултати во теретана, стероидите се неверојатно лоши за вашето здравје…
Стероидите се популарна тема која секогаш се поврзува со бодибилдерите и луѓето кои креваат тегови и се занимаваат со фитнес. Иако ретко кој ќе признае дека користи стероиди, факт е дека голем број луѓе ги користат овие хемиски состави за да ги подобрат своите перформанси во теретана и побрзо да постигнат резултати. Сепак, стероидите можат сериозно да го загрозат вашето здравје и да доведат до неизлечиви проблеми.
Многу луѓе немаат поим што точно се случува во телото кога се земаат стероиди, и токму тоа ќе го решиме денес. Мускулите се состојат од долги влакна кои се направени од протеини и кои се кинат и повредуваат за време на тренингот. Кога мускулите се одмораат, тие почнуваат да заздравуваат и на тој начин стануваат поголеми и посилни. Затоа протеините се главниот дел од исхраната на секој спортист, бидејќи тие се главниот градежен материјал на мускулите.
Сепак, обновувањето на мускулите станува побавно со текот на времето и нивната прогресија станува послаба како што телото се прилагодува на физичката траума што ја нанесувате. Исто така, тестостеронот, кој е одговорен за зголемување и градење на мускулите, почнува драстично да се намалува, особено кај луѓето кои тренираат редовно и напорно.
Стероидите се токму за такви ситуации. Стероидите го зголемуваат лачењето на стероиди во вашето тело, што доведува до многу побрз раст и обновување на мускулите, како и нивно зајакнување. Иако ова звучи како да не е опасна работа, употребата на стероиди ја нарушува природната рамнотежа на телото и секоја промена на хормоните може да доведе до сериозни нарушувања и болести.
Се разбира, постојат различни видови на стероиди, како и начини на кои можете да ги земате, па може да оштетите и други органи како црниот дроб и бубрезите.
Погледнете видео клип кој графички ќе ви покаже што се случува во вашето тело кога користите стероиди. Луѓето кои ги користеле велат дека на почетокот чувството е одлично, но подоцна телото почнува да се навикнува на тоа, па мора постојано да ги зголемувате дозите, за подоцна да дојдете до период во кој ќе бидете исклучително нездраво и каде што вашето тело може едноставно да откаже.