Еве зошто ја убив Мерилин Монро: Агент на ЦИА со исповед пред неговата смрт

77-годишниот пензиониран оперативец на Централната разузнавачка агенција го шокираше светот со неговите признанија. Поточно, тој тврди дека извршил 37 убиства за американската влада меѓу 1959 и 1972 година, вклучително и убиството на Мерилин Монро.

Норманд Хоџс, кој работеше во ЦИА цели 41 година како оперативец од највисоко ниво, тврди дека тој честопати ги лишувал оние што биле потенцијална закана за државата, по налог.


Меѓу луѓето, кои наводно ги убил, имало многу политичари, новинари, локални лидери, како и неколку научници и уметници чии идеи претставуваат закана за интересите на Соединетите држави.
Сепак, една актерка е единствената жена што ја убил - Мерилин Монро. Тој тврди дека не се покајал за нејзиното убиство затоа што таа станала „закана за безбедноста на земјата“ и морала да биде елиминирана.
„Имаме докази дека Мерилин спиела не само со Џон Кенеди, туку и со Фидел Кастро. Мојот шеф Џими Хејворт ми рече дека таа мора да умре, но дека мора да изгледа како самоубиство или предозирање. Никогаш не сум убил жена, но ја почитував наредбата. Јас го направив тоа за Америка!“, изјави тој.
За овие изјави ќе биде покрената истрага, но мајорот Џејмс Хејворт не може да ги потврди овие исповеди бидејќи починал од срцев удар во 2011 година, а починале и двајца други, кои Харолд ги нарекол и „убијци“.