Еве зошто ние како вид сме полоши од животните! Очи би си ископале, а оваа приказна...

Во Гуџарат, еден човек купил крава. Ноќе неколку пати слушнал лаење на кучиња, а ова се случило неколку ноќи по ред. 

За да открие што се случува, тој поставил камери. На негово изненадување, видел дека секоја вечер доаѓа леопард и седнува до кравата. Кога го прашал претходниот сопственик на кравата, дознал неверојатна приказна: мајката на леопардот била убиена кога тој имал само 20 дена. Кравата му обезбедила млеко на младото животно кое останало без родители и со тоа му го спасила животот. 

Кога леопардот пораснал, бил вратен во џунглата. Но, до ден-денес, возрасниот леопард се враќа секоја вечер за да помине време со кравата - онаа што сè уште ја смета за своја мајка.