Еве зошто никогаш нема да видите часовник во трговските центри - Откриена причината за оваа СТРАТЕГИЈА
Причината за овој недостаток е неверојатна.
Во трговските центри нема часовници за да се манипулира со чувството за време, велат експертите.
Кога купуваме, често се случува да изгубиме чувство за времето. Не е случајно што никогаш не сте виделе часовник во трговски центар.
Трговските центри се места каде времето изгледа како да испарува, а дваесет минути шопинг лесно може да се претворат во часови трошење пари.
Има посебна причина зошто часовниците се толку ретки во трговските центри - а тоа е мал трик наречен „временска дисторзија“, односно, тоа е начин да се промени сопствената перцепција за времето.
- Отсуството на часовници во трговските центри е внимателно разработена стратегија, заснована на психологијата на потрошувачите - изјави психологот Лора Гејџ.
- Ова е за да се продолжи времето на вашата посета на трговскиот центар - дообјасни таа.
- Трговските центри се дизајнирани да бидат независни универзуми во кои суптилно се манипулира концептот на време. Намерното испуштање на часовниците е стратешки дизајнирано и има за цел да ве одвои од текот на времето - додаде Лора.
Значи, целта е да заборавите на времето додека купувате.
- Колку подолго останете во оваа безвременска состојба, толку е поголема веројатноста дека ќе направите дополнителни набавки, поттикнати од одвојувањето од надворешните временски обврски и распореди - објаснува психологот.
Тоа не е единствената тактика што ја користат трговските центри за да ве привлечат: тие создаваат и одреден вид атмосфера со одредена температура на воздухот, како и музика во заднина.
- Овие сензорни знаци се дизајнирани да ви го подигнат расположението, да го намалат стресот и суптилно да ја поттикнат потрошувачката во создавање средина која изгледа смирувачка и стимулирачка - изјавила и Лора, а пренесува Метро.