„Фактор“ анализа: Кои се најголемите македонски извозници во првите шест месеци?
Конкурентноста на економијата секогаш и секаде се мери преку квантитетот и структурата на извозот. И секоја доктрина на економските власти како свој главен приоритет ги има поддршката и зајакнувањето на извозот и стимулации на извозно ориентираните компании. Многу добра вест за нашата економија, барем од јавно достапните и официјални податоци е тоа што во првото полугодие расте вредноста на извозот на најголемите девет компании – извознички меѓу повеќе од 100 компании чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност. Од 18 котирани друштва кои имаат извоз поголем од 2 милиони евра за шест месеци само 2 бележат позначајно намалување на извозната комонента, 2 се на речиси исто ниво како лани, а другите 14 бележат солидно зголемување на пласираните стоки на надворешни пазари. Повеќе за анализата прочитајте на Фактор.мк
Фото: unsplash