Фиоки полни со лекови за не дај Боже: 15 факти за Балканците
Луди, неуредни, урнебесно смешни - епитети кои се лепат само за луѓето на Балканот ...
Според навиките, однесувањето, размислувањето, теориите и верувањата, Балканците навистина спаѓаат меѓу најинтересните и најсмешните луѓе во светот.
Беа осмислени бројни шеги за нивните „дела“, а ако се прашувате зошто, сами ќе заклучите од дадените примери.
1. Сосема е нормално дека свадбата на Балканот трае до 3 дена и дека бројот на гостите најчесто надминува над 700 луѓе, од кои невестата и младоженецот дури и не знаат половина.
2. Целата традиционална кујна вклучува употреба на кромид и лук, кои воедно штитат од уроци и настинки.
3. Кога патуваат, Балканците имаат најмногу куфери и најголеми торби за кои е потребно најмалку две лица да ги носат.
4. Карактеристично и за Македонците - кеса која содржи еден куп други кеси.
5. Балканецот секогаш доцни за важни настани, сметајќи дека тоа е сосема нормално.
6. Децата и во Македонија обично имаат прекар што апсолутно нема никаква врска со нивното име и презиме.
7. Децата од спротивниот пол ја делат просторијата додека не наполнат 30 години, или додека женско дете не се омажи и не замине.
8. За вашата мајка никогаш не сте доволно сити и секогаш изгледате премногу слаби, дури и ако сè „кипи“ на вас
9. Скоро сите Балкански семејства, и македонските секако, имаат фиока полна со лекови, за не дај Боже, на кои во голема мерка рокот им е истечен
10. Скоро и да нема Балканец кој не бил исфрлен од кафеана барем еднаш затоа што бил премногу гласен
11.Скоро сите балкански семејства имаат стара и искината крпа (која ја користат) во кујната
12. Кесите кои ги носат дома, а во кои носеле намирници, логички им е да им служат за фрлање на ѓубре во нив
13. Кога готват, никогаш не внимаваат на рецептот
14. Скоро сите Балканци веруваат дека талогот од дното на шолјата за кафе ќе им ја предвиди нивната иднина... и судбина
и секако
15. Промајата ќе те убие! - како што тврди вашата мајка.