(ФОТО) Еве како изгледал Чарли Чаплин навистина!
Сите знаеме да го препознаеме легендарниот Чарли Чаплин кога го носи својот шешир и по мустаќите, но ретко кој го знае како изгледал тој настрана од камерите.
Чарлин Чаплин е
роден на 16 април 1889 година и неговото детство е обележано со сиромаштија и
тешки животни услови. Чарли целото свое детство се борел со суровите услови во
кој живеел, но и покрај се', тој секогаш пронаоѓал начин да се насмее и да ги
забавува другите. Чарли Чаплин подоцна ги откри тајните на филмот и моќта на
камерата и така постана крал на немите филмови. Неговите филмови умеат да ги
насмеат и забавуваат сите, но отсекогаш содржеле јаки социјални пораки кои ја
покажувале состојбата во која се наоѓал светот тогаш.
Чарлиевиот најуспешен лик по кој сите го паметат е скитникот, поради кој почна да носи шешир, мустаќи, огромни чевли и бастун. Тој има снимено огромен број неми филмови и скитникот секогаш беше главен јунак кој победуваше над сите проблеми.
Иако, Чарли Чаплин стана една од најпрепознатливите личности на сите времиња, малку од нас знаат како тој изгледал без своите мустаќи и шеширот.
Затоа ви претставуваме фотографии кои ќе ви покажат како вистински изгледал овој легендарен комичар.