(ФОТО) Хитлеровото засолниште во Полска ќе стане туристичка атракција

Некогашниот таен штаб на Адолф Хитлер во Полска, таканареченото „ловиште на волци“, ќе биде обновено за да привлече повеќе туристи.

Хитлер помеѓу 1941 и 1944 година помина 850 дена во големиот, таен комплекс, пред да се повлече во својот бункер во Берлин.

Шумската стопанска организација Сроково, која е задолжена за „ловиштето на волци“, сега го обновува некогашното засолниште на Хитлер. Потпаролот на организацијата Себастијан Трапик изјави дека работниците вложуваат многу напор за комплексот да ги задржи својата “сериозност и почит кон историската вистина“.

Критичарите тврдат дека „бесчувствителните атракции, како аматерските претстави со нацистички униформни носии, можат да создадат еден вид мрачен Дизниленд од оваа локација“.

Трапик дополнително истакна дека приоритет им е реконструкцијата на сцената од бомбашкиот напад во штабот, вклучувајќи симболични фигури од природна големинана луѓето кои биле присутни во тој момент.

Овој штаб е познат и по тоа што неколку нацистички офицери се обидоа да му направат атентат на Хитлер на 20 јули 1944 година. Од експлозијата на бобата загинале четворица, а биле ранети повеќе од 20 луѓе.

Нацистите активирале огромни количини на експлозивни средства за да го уништат бункерот пред доаѓањето на советската Црвена армија во јануари 1945 година.