(ФОТО) Пронашол порака во шише стара 50 години: „Ви посакуваме здравје и долг живот“

Жител на Алјаска тргнал да собира дрва за зимата, па неочекувано пронашол нешто сосема друго – 50 години стара порака во шише.

Тајлер понашол порака во шише напишана на руски јазик, па на својот Фејсбук профил побарал помош од некој кој го познава тој јазик, за да му ја преведат пораката, пишува BBC. Се испостави дека писмото е напишано од морнар од рускиот брод „Sulak“  во 1969 година.

Приказната за откривањето на пораката ја објавија и руските медиуми, кои веднаш почнаа да истражуваат за авторот на писмото, капетанот Анатолиј Бочаненку. По зборовите на Тајлер, тој барал дрва за огрев, на триесет километри западно од своето село, кога го пронашол шишето со плутана тапа.

„Морав да употребам доста сила. Пробав и со забите, само за да го отворам шишето“ – изјави Тајлер.

Шишето внатре било суво и се уште мирисало на вино или нешто слично, застоен алкохол. Но, пораката била сува.

Во пораката пишувало: „Срдечен поздрав! Од главниот брод на руската далекуисточна флота „VRXF Sulak“. Ве поздравувам сите кои ќе ја пронајдете оваа порака и ве повикувам да се јавите на адресата „Vladivostok-43 BRXF Sulak“. Ви посакувам добро здравје и долг живот, како и среќна пловидба. 20 јуни 1969 година“.

Кога капетанот, кој денес има 86 години, дознал дека неговата порака е пронајдена, веста ја поздравил со солзи радосници.

Пронаоѓачот на пораката изјави дека е многу кул, како една мала порака израсна во цела приказна, додавајќи дека и тој ќе размисли да направи нешто слично и еден ден секако ќе прати порака во шише, па се надева дека ќе го дочека нејзиното откривање.