Фотографии кои ќе ве растажат: Биба Додева е позитивна на коронавирусот, преку прозорот си игра со внукот

За жал ова е сликата која ја создаде новата нормалност, и релност која ја живеат луѓето ширум светот, оттуѓувајќи се од најблиските, од најсаканите поради вирусот кој никако да замине.

Биба Додева објави дека е позитивна на ковид-19 со фотографии кои никого не оставаат рамнодушен. Имено, на нив Биба  го „гали“ и си зборува со внукот Александар, од ќерката Емануела, преку стаклото од прозорецот.

„Време на КОВИД 19.
Дај Боже да помине поскоро“ - болат овие зборови, а уште повеќе болат фотографиите кои Биба Додева ги сподели на нејзиниот Инстаграм профил и, даде до знаење дека е позитивна на коронавирусот.