ФРАНЧЕСКО ТОТИ со 10 години помлада девојка и сите погледи кон нив: Светот зборуваше дека со неа ја ИЗНЕВЕРИЛ поранешната сопруга и мајката на неговите три деца - поради аферата се распадна неколкугодишен брак
Заврши Мастерсот во Монте Карло, со победа на грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 2:0 - 6:1, 6:4. На трибините имаше голем број познати личности, од (поранешни 9 спортисти, руски олигарси до политичари.
Франческо Тоти го следеше натпреварот со девојката Ноеми Боки. Глобален шок во светските медиуми во 2022 година предизвика веста дека славниот италијански фудбалер Франческо Тоти (47) и неговата сопруга и водител Илари Блаци (43) се разведуваат по 17 години брак. Тогаш на големо се зборуваше дека славниот фудбалер ја изневерил поранешната сопруга, со Ноеми.
"После 20 години заедно и три прекрасни деца, мојот брак со Франческо заврши. Процесот на развод ќе остане наша приватна работа и нема да давам други изјави за тоа. Ги повикувам сите да се воздржат од шпекулации и пред се да почитуваат приватноста на моето семејство“, изјави Илари за порталот Анса.
Свој збор имаше и Франческо Тоти: „Се обидов да ја надминеме кризата во нашиот брак, но сега разбрав дека одлуката за разделба, и покрај тоа што беше болна, исто така беше неизбежна. Се што кажав и направив во изминатите месеци беше со намера да ги заштитиме нашите деца, кои секогаш ќе бидат на врвот на листата на приоритети во мојот живот“.
Гласините дека славната двојка се разведува се појавија во февруари, кога наскоро идните поранешни сопружници официјално ги демантираа ваквите приказни: „Во последните неколку часа прочитав толку многу работи за себе, а особено за моето семејство. Не е прв пат да слушнам ваква лажна вест, ве замолувам сите вие кои го пишувате сето ова да бидете внимателни бидејќи се работи за деца, а децата треба да се почитуваат Искрено, навистина сум уморен да го демантирам- рече Тоти.
Тоти и Ноеми останаа во врска и покрај гласините.