Функционално решение за живот без кредит: Погледнете како успеале

Оваа куќа од само 13 квадратни метри е мал дом на тркала изграден за 35.000 долари и е целосно самоодржлив.

Има преносни соларни панели и соларно греење и ладење.

Ѕидовите, таваните и подовите се добро изолирани, додека дополнителното греење се обезбедува со гасен камин.

Како и повеќето мали куќи, и оваа горе има спална соба со голем светларник за да уживате во месечината и sвездите пред спиење.

Пријателите на сопствениците помогнаа при дизајнирањето и изградбата на овој симпатичен мал дом, а ентериерот изгледа чист, едноставен и функционален.

Дневна соба со софа и маса, мала кујна, простор за складирање и работна површина, фрижидер со замрзнувач, купатило со туш и тоалет - во куќата има се'.


ВИДЕО: