Генијално и изводливо: Човек направи вистински базен САМО од ДРВЕНИ ПАЛЕТИ - Еве како (ВИДЕО)
Совршена идеја брилијантно изведена!
Кејлеб Харисон (27) од Тенеси стана хит на TikTok откако изгради целосно функционален базен во својот двор за само 12 часа. Тој употребил неколку дрвени палети и церада.
Кејлеб решил да ги победи летните горештини - па сам изградил базен во кој заедно со сопругата ќе се релаксираат во најжешките месеци.
Сакајќи да заштеди, смислил план за базен „направи сам“, за кој му биле потребни околу 8.000 денари.
Видеото снимено од сопругата на Кејлеб го прикажува процесот на изградба на базен од палети.
Прво ги направи страните на базенот од нив, а потоа ја додаде церадата на дното.
На многумина им беше сомнителен овој проект - но следеа нови снимки од самиот базен, кои очигледно беа целосно функционални.
Излегува дека пронајдокот е сè уште во фантастична форма речиси еден месец подоцна - и лесно може да собере околу 11.000 литри вода.
Кејлеб користел 14 палети и се погрижил да најде такви што биле направени од даб или орев за да ги направи поцврсти.
„Боровите палети се покревки. Тој користеше носачи за да ги поврзе сите палети, во основа правејќи ѕидови, а потоа прикачи флексибилни, но исклучително силни метални ленти, кои вообичаено се користат за зајакнување на покривите од урагани, на аглите“, рече неговата сопруга.
„Користевме пластични бариери за пареа за основата, а потоа додадовме сина церада за да оставиме впечаток на син базен“, додала сопругата.
Таа вели дека не верува дека базенот на нејзиниот сопруг е толку издржлив.
„Речиси секој ден пливаме во него и имавме неколку забави. Иако никој не верува во тоа, можете да скокнете од работ и нема да се скрши“, вели снаата на Кејлеб.
Фото и Видео: ТикТок