Ги тетовира и очите, уште тој дел му остана од целото тетовирано тело: А еве каков бил

Еден целосно истетовиран татко ги сподели своите фотографии од времето пред да ја започне кампањата ...

Марчело Б-бој Де Соуза Риберио, од Рио, не толку одамна ја држеше титулата за најмодифициран човек на светот поради неговото целосно тетовирано тело, екстремните модификации на телото, кои вклучуваат металni заби во вилицата и расцепениот јазик..

Таткото на две деца постојано им го претставува својот уникатен изглед на своите следбеници на платформата Инстаграм, а сега изненади со фотографиите од сосема нормален и поинаков Марсел.

Овој Бразилец помина повеќе од две децении во тетовирање и модификации на телото, заедно со покривање на целата површина на кожата со мастило и боја. Марсел во еден момент одлучил и да ги истетовира очите, што е многу ризична процедура која може да доведе до секакви непријатни компликации, вклучувајќи губење на видот или целосно слепило, инфекции со мастило, чувствителност на светлина, па дури и губење на очите во најлош случај.

Како што изјавил и самиот овој Бразилец, во времето кога го правел тоа ништо не го повредило поради анестезијата, но штом престанала да работи и испари, очите му гореле со денови.