Гинисов рекорд за најдолгиот автомобил во светот: Американски сон на 26 тркала, во кабината може да се сместат 75 луѓе
Човек од Њујорк влезе во Гинисовата книга на рекорди поседувајќи го најдолгиот автомобил на светот, со вкупна должина од над 30 метри.
„Американскиот сон“ има 26 тркала, а на патниците им нуди голем воден кревет, базен во комплет со даска за скокање, џакузи, када, терен за мини голф, а во кабината може да се сместат 75 луѓе!
Заснован на Cadillac Eldorado од 1976 година, новиот рекордер е споен во два дела и има вкупна должина од повеќе од триесет метри. Процесот на реоживување на овој автомобил траел три години и чинел 250.000 долари.
Сопственикот на најдолгиот автомобил во светот, според Гинисовата книга на рекорди, открива дека автомобилот нема да се најде на патиштата во скоро време, бидејќи е предолг, но истиот ќе биде изложен во музеј.
Погледнете го: