Ѓоковиќ ја отфрли навиката што сите ја имаме: Врзана е за мобилниот и е многу опасна
После ова, повеќето од вас ќе го тргнат телефонот од себе и нема да го носат во панталони
Новак Ѓоковиќ е познат како некој кој многу се грижи за своето здравје, а токму промената на исхраната доведе до тоа играчот - кој го мачеа болки, тешкотии со дишењето и повреди на теренот - одеднаш да стане тенисер број еден во светот.
Покрај напорните тренинзи, кои му се секојдневие, Ноле е исклучително внимателен што јаде, но внимава и на некои други работи, т.е. навики кои можат да имаат влијание врз здравјето.
На оваа тема се осврна и во својата книга „Сервирај за победа“, каде во неколку реченици сликовито го објасни влијанието на мобилниот телефон врз здравјето.
- Замолете некој во собата да ја стави понастрана десната рака, а левата да ја стави на стомак, па тестирајте ја неговата сила. Потоа нека го држи мобилниот телефон во левата рака, на стомак и повторно тестирајте. Зрачењето од мобилниот телефон лошо ќе влијае на неговото тело и ќе го ослаби отпорот на десната рака, но и на храната на која сте нетолерантни. Тоа е нешто што ви ги отвора очите, нешто што ќе ве натера двапати да размислите пред повторно да го носите телефонот во џебовите од панталоните – објаснил Новак.
Фото: Youtube - screenshoot - RTS Oko - Zvanični kanal