Гледате во пропаста на векот: 1 милијарда евра

Пропаста на векот е името на една од најпрепознатливите згради на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја. Станува збор за хотелот „Рјугон“, кој воедно е и највисоката зграда во Пјонгјанг и се смета за хотел во кој досега никој не престојувал.

Хотелот почна да се гради во 1987 година со намера да се отвори две години подоцна. Дизајниран во необична форма на пирамида и висок 330 метри со 105 ката, првичната идеја била да има дури 3.000 соби и 5 ресторани.

Во проектот беа инвестирани околу 700 милиони евра, но изградбата се одвиваше бавно со години. Замислената височина ја достигна во 1992 година, но економската криза од тие години во Северна Кореја ги одложи понатамошните работи. Морничавиот скелет на зградата стоел така цели 16 години додека повторно не започнале нови работи.

Нови 170 милиони евра се инвестирани за покривање на хотелот со метал и стакло. Во 2012 година германската хотелска групација Кемпински објави дека наскоро ќе го преземе управувањето со хотелот, но само неколку месеци по таа објава се откажа од идејата.

Понатамошната работа на хотелот се одвиваше во 2018 година, кога беше опремен со LED осветлување.

Состојбата во внатрешноста на хотелот се уште е мистерија. И денес не е отворен за посетители, но има неколку фотки на кои се гледа дека нема никаков архитектонски зафат.