Го фатила сопругот со љубовницата, но сите биле изненадени од тоа како разговарала со неа (ВИДЕО)
На видеото се гледа како сопругата на мажот ја испрашува
жената која седи на маса со него, а начинот на кој сопругата го прави тоа
изненади многумина
Низ социјалните мрежи се рашири видео од маж фатен во прељуба, кое стана хит на интернет. Видеото беше објавено на Reddit, а исто така се споделува и на TikTok. На видеото се гледа како сопругата на мажот ја испрашува жената која седи на маса со него, а начинот на кој сопругата го прави тоа изненади многумина.
- Што се случува - прашала прво, на што нејзиниот сопруг одговорил дека вечераат.
- И која си ти? - ја прашала љубовницата на нејзиниот сопруг.
- Пријателка - одговорила таа.
- Пријателка од работа или? - прашала неговата сопруга.
- Да, јас сум пријателка од работа - одговорила љубовницата.
- Добро, јас сум негова жена. Каква пријателка си ти? - прашала таа.
- Работиме заедно - се замешал сопругот.
- Знаеш ли дека нашите деца планираа да преноќат вечерва додека вие се наоѓате на три часа возење од Бел Ер? Дали знаеше за тоа? Деца?! Дали знаеше? Одвратна си, одврана - ѝ рекла жената.
Во тој момент сопругот станал од масата, а насмевката исчезнала од лицето на љубовницата. Во тој момент било прекинато и снимањето.
Фото и Видео: ТикТок