Голата пациентка која тајно ја снимаа во ковид болницата во Белград: Секоја коска ме болеше, а некој болен ум ме снимал
„Ми рекоа да се соблечам за да ми направат ЕКГ. Дали требаше да се вртам наоколу за да гледам дали има камери или телефони? Имав висока температура, секоја коска ме болеше и имав воспаление на белите дробиви“, изјави девојката која тајно ја снимаа и фотографираа додека се собелкува во привремената ковид болница во спортскиот објект Арена во Белград.
Но таа не е снимена од од безбедносните камери во објектот, туку е направена со телефон, изјави директорот на установата, Горан Грбовиќ. Тој додава дека Армијата и Министерството за внатрешни работи започнале истрага за тоа кој е авторот на фотографијата и како се појавила на социјалните мрежи.
„Имаме надзорни камери и надвор и внатре, но практично е невозможно да се направи фотографија од тие камери. Ова е направено со телефон, тоа е единственото нешто што го знам во моментот“, додаде Грбовиќ.
Инаку девојката е крајно потресена:
„Некој ќе мора да одговора за ова. Не знам чиј пропуст е ова, луѓе од обезбедувањето на Арена или несовесни пациенти, но некој мора да одговара за тоа што ми е сторено. Виновникот мора да биде откриен за утре на мета на вакви болни умови да не се најде друга девојка, друг пациент“.
„Се грижам за татко ми, тој се бори за својот живот во Земунската болница. Се грижам и за мајка ми, која исто така е заразена. И сега треба да гледам како моите фотографии кружат на социјалните мрежи. Срамота е колку далеку сме стигнале како луѓе и што прават поединци”, вели таа.