Голем скандал го тресе Харвард: Директорот на мртовечницата крадел органи и ги продавал, клиентите можеле да ги видат и да одберат

Американското правосудство во средата објави дека директорот на мртовечницата на престижниот медицински факултет Харвард е уапсен под обвинение дека крадел органи и човечки останки од неговото работно место и ги продавал.

Џерард Карам, федералниот обвинител за Централниот округ на Пенсилванија, рече дека Седрик Лоџ (55) е обвинет за трговија со украдени човечки останки.

„Некои злосторства се неразбирливи“, рече тој во изјавата.

„Посебно е срамота што толку многу жртви овде доброволно се пријавија да дозволат нивните тела да се користат за едукација на медицинските работници и во интерес на науката и закрепнувањето“, истакна во својата изјава јавниот обвинител.

Директорот на мртовечницата, неговата сопруга Дениз Лоџ (63) и уште пет други се обвинети за заговор како дел од „националната мрежа“ за купување и продавање човечки останки.

Според обвинението, помеѓу 2018 и 2022 година, Лоџ „украл органи и други делови од телата кои биле донирани за медицински истражувања и едукација, пред нивното кремирање“.

Во обвинението се додава дека Лоџ ги преселил овие останки од мртовечницата во Бостон во неговиот дом во Гувестаун, Њу Хемпшир, каде што тој и неговата сопруга ги продале посмртните останки на двајца други обвинети, Катрина Меклејн и Џошуа Тејлор.

Во обвинението беше забележано: „Лоџ им дозволи на Меклејн и Тејлор да влезат во мртовечницата ... и да ги испитаат телата за да изберат што да купат“.

Според Јавното обвинителство, Меклејн (44 години) и Тејлор (46) ги препродале овие човечки останки за финансиски профит.

Деловите од телото ги купила сопственичкката на продавницата „Готик“.

Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила сецирани човечки лица за 600 долари, и имала намера да им ја обработи кожата. Таа е сопственичка на Kat's Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови. Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението стои дека таа во продавницата складирала и продавала делови од човечки тела.

Џошуа Тејлор, пак, наводно, извршил 39 уплати на сметката на администраторот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари. Обвинението вклучува мрачна референца на меморандум на PayPal за купување во износ од 1.000 американски долари (790 фунти) на кој наводно пишувало „глава број 7“.

Од своја страна, Медицинскиот факултет Харвард објави дека Лоџ бил отпуштен на 6 мај, изразувајќи го својот шок што такво нешто е „екстремно вознемирувачко“ во нашиот кампус.

извор: Archyde