Градот Македонија во Америка: Мал, ама идиличен

Македонија — мал град сместен во североисточниот дел од државата Охајо, САД.  Во 2018 г. населението броело 11.927 жители.

Името на градот се смета дека потекнува од една мала анегдота помеѓу студентите по богословие на колеџот „Вестерн резерв“, кој на почетокот на XIX век се наоѓал во Хадсон, Охајо. Студентите, кои биле повикани да одржат проповед во едно мало место на 10 км на север, каде се потсетиле на главата 16 од библиските Дела на светите апостоли: „...По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи  сфатив­ме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.“

Поради ова, местото подоцна било наречено Македонија.

Нема податоци во врска со тоа дали во гратчето Македонија живеат Македонци.

Но, местото е инспиративно и има типична американска архитектура.