Градот му подари бесмртност: Муралот што ја чува младоста на кошаркарот Петар Ивановски, еден од жртвите во дискотеката „Пулс“

На ѕидовите на Градската сала во Кочани, „Сашо Лазаров Чапо“, осамна голем графит од кошаркарот Петар Ивановски, кошаркарот на „Баскет Дино“, кој трагично го изгуби животот во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

Отворањето на муралот, се случи вчера кога младиот Ивановски требаше да наполни 21 година.

Матичниот клуб на Ивановски, како и целата кошаркарска јавност во нашата земја неколку пати му искажаа највисока почит, а со муралот на салата тој вечно ќе живее во срцата на неговите сограѓани од Кочани, но и сите кои го познаваа.