ГРЕЕЊЕТО СТАНУВА ЛУКСУЗ: За клима 4.500 денари, за радијатор и до 9.000

Во Македонија не постојат прецизни податоци колку домаќинства се греат исклучиво на струја, но се претпоставува дека се околу 175.000, односно околу 17 проценти.
Нивните сметки за греење од 1 октомври ќе бидат значително поголеми, со оглед на тоа што е најавено спуштање на границата за влез во „црвена зона“ од 1.600 на 1.200 киловати месечно.
Колку ќе чини греењето во стан од 60 квадрати?
На тоа колкава ќе биде сметката за струја влијаат повеќе фактори: уредите кои се користат (ТА печка, електричен радијатор, клима – инвертер, подно греење или греење со топлотна пумпа), потоа изолацијата на просторот и надворешната температура. Важно е и на која температура сакате да го одржувате станот – некои греат до 20 степени, а кај други термометарот не паѓа под 25.
Сметка за струја за стан од 60 квадрати со клима или радијатори
Просечната потрошувачка е 25–50 W по квадратен метар. Ако уредите работат 6–10 часа дневно, месечната потрошувачка изнесува околу 900 kWh. Сметката за струја може да биде од 4.200 до 10.800 денари.
Сметка за струја за стан од 60 квадрати со ТА печки
Распределбата е околу 70% ноќна (евтина струја) и 30% дневна (поскапа). Работното време е околу 12 часа дневно, а месечната потрошувачка околу 900 kWh.
Просечната сметка изнесува околу 8.250 денари.
Ако ТА печките се полнат само ноќе, сметката може да падне на 4.500–5.500 денари. Но, ако изолацијата е лоша, потрошувачката може да надмине 1.000 kWh.
Месечни сметки за струја според уредите:
-
ТА печка (ноќно полнење): 3.000 – 6.000 денари
-
Клима инвертер: 2.250 – 4.500 денари
-
Електрични радијатори: 4.500 – 9.000 денари
-
Подно греење (струја): 5.000 – 10.000 денари
-
Топлотна пумпа (COP 3+): 1.500 – 3.000 денари