Хали Бери: Tри брака, две деца, позираше топлес, има нова љубов

Заносна дури и на 54-годишна возраст, за Хали Бери неизвесно е да се каже дека оваа актерка е во шестата деценија иако изгледа двојно помлада.

Актерката неодамна на социјалните мрежи со своите следбеници и обожаватели ја сподели веста дека е во љубовна врска со музичарот Ван Хант.

Нејзината успешна филмска кариера ја прати со години, но ја прати и фамата околу нејзините случувања на приватен план, за кој јавноста секогаш е „жешко“ заинтересирана.Неодамна актерката направи бум со најновата фотографија, каде позира само во бели панталони, покривајќи го горниот дел од телото со рацете и долгата коса. Под фотографијата, таа напиша: „Љубовта кон себеси никогаш не е себична“.

Ова се нејзините поранешни љубовни врски:

Во октомври 2015 година, Хали Бери објави дека се разведува од сопругот Оливер Мартинез, со кого има син, Мејс. Само неколку месеци после тоа, разводот беше финализиран на суд и тие се согласија за заедничко старателство. 

Ова беше трет развод за згодната 54-годишна актерка. Покрај нејзиниот син со Оливие, таа има и ќерка, Нахла, од врската со Габриел Обри.

Габриел и Хали Бери

Инаку Хали најпрво беше во брак со Давид Џастис

Потоа со пејачот Ерик Бенет


фото:GettyImages
извор:avaz.ba