Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит - 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години
Станбениот кредит на Халбанк АД Скопје сега е со ново намалување на каматните стапки и уште подобри услови, со што клиентите добиваат извонредна можност да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по поволни услови.
Халкбанк АД Скопје на своите коминтенти им нуди можност да земат кредит во висина до 300.000 евра, со фиксна каматна стапка за првите 10 години која, за првите 5 години изнесува 2,9%, а за следните 5 години - 3,3%. За останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4 фиксни процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор.Овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) која за кредит во висина од 50.000 евра и рок на отплата од 30 години со понудените каматни стапки изнесува 3,54%. Кредитобарателот дополнително добива можност и за грејс период во отплатата до 12 месеци.
Кредитот е со задолжителна полиса за осигурување од незгода која е во износ од 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот, и полиса за животно осигурување чија висина е во зависност од тарифата на осигурителот и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.
Станбениот кредит од Халкбанк е без провизија за обработка и без трошоци за проценка. Единствен трошок се 200 денари за проверка во Кредитно биро на кредитната историја на кредитобарателот, кој се наплаќа само на одобрени кредити пред нивната исплата и 150 денари за апликација за кредит. Обезбедување на кредитот е со хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.
Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплаќа еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ.
ПР-Објава