H&M му посакува добредојде на Тетово во своето модно семејство со успешно отворање на продавница во Палма Мол

H&M официјално ги отвори вратите на својата прва продавница во Тетово, означувајќи нова пресвртница во експанзијата на брендот низ Северна Македонија. Отворањето се одржа во среда, 17 јули, во 10:00 часот во трговскиот центар „Палма Мол“, привлекувајќи стотици возбудени клиенти и љубители на модата од целиот регион.
Продавницата во Тетово е четврта на H&M во земјата и прва надвор од главниот град, која нуди целосен асортиман на модна облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња. Просторот се простира на 1.817 квадратни метри на два катаи нуди модерно и пријатно шопинг искуство, во согласност со посветеноста на H&M кон мода, квалитет и одржливост по најдобра цена.
Живата атмосфера на отворањето, која започна со официјално сечење на црвената лента, беше збогатена со настап на DJ Чваре, создавајќи одлична енергија во текот на целиот ден. Првите 100 купувачи кои направија сметка од најмалку 3.000 денари добија и подарочна картичка во вредност од 3.000 денари.
Отворањето на H&M Тетово го одразува континуираното инвестирање на брендот на македонскиот пазар, по успешното отворање продавници во трговските центри „Ист Гејт“, „Дајмонд Мол“ и „Скопје Сити Мол“. Со оваа нова локација, H&M продолжува да ја доближува модата до повеќе љубители на модата низ целата земја.








