ХОРОР НА АВТОПАТ ВО АМЕРИКА: Судир на 72 возила поради песочна бура, најмалку шест загинати, десетици повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Песочна бура во централниот дел на американската сојузна држава Илиноис предизвика масовен судир на 72 возила на локалниот автопат, а во хаосот загинаа најмалку шест лица. 

Медиумите во САД објавија дека сообраќајната несреќа се случила јужно од Спрингфилд, главниот град на Илиноис, додека прашината од новоораните ниви се кренала и паѓала на автопатот. 

Во несреќата, при големиот судир се запалиле некои од возилата на автопатот во Илиноис. 

Државната полиција на Илиноис соопшти дека 37 лица, на возраст од две до 80 години, се хоспитализирани со повреди кои се движат од полесни до опасни по живот.

Официјалните лица сѐ уште работат на идентификување на другите пет жртви и известување за нивните семејства, а автопатот ќе остане затворен додека трае истрагата и отстранувањето на возилата.


Фото и Видео: Твитер