И Илон Маск мака мачи: Де позитивен, де негативен на коронавирус- „Нешто лажно се случува“
Тој разви таква технологија што предизвика видстинска револуција. Но, на коронавирус тестовите „падна“.
Токму тие тестови на милијардерот и генијот Елон Маск му покажале дека истовремено е и позитивен и негативен на корона вирусот.
Вели дека направил четири теста и дека два биле позитивни, а два негативни.
Извршниот дирекотр на „Тесла“, Маск, на Твитер ја објави информацијата и се запраша за што всушност се работи и изрази сомнеж дека можеби се случува нешто лажно во тој процес.
„Денеска четири пати се тестирав на корона вирус, Даа теста беа негативни, два позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брз антиген тест“, напиша тој.
Маск потоа објави дека направил и ПЦР тест во друга лабораторија и ги чека резултатите за 24 часа.
На прашање на корисници на Твитер како се чувствува, тој вели „како да има типична настинка“.