И моќ и грижа: Случајно откриените писма од Адолф Хитлер и неговиот лекар откриваат какви проблеми го мачеле

Кога Роберт Допген почнал да ги истражува семејните архиви за училишниот проект, не ни помислувал дека во нив ќе најде писма разменети меѓу неговиот прадедо и Адолф Хитлер.

Потомокот на еден од лекарите кои го лекувале Адолф Хитлер објавил писма кои двајцата ги размениле, а кои сведочат дека диктаторот имал проблеми со гласот, пренесува Гардијан, а објавија швајцарските медиуми.

Почнувајќи од 1935 година, Хитлер неколку пати бил лекуван од Карл Ото фон Ајкен. Сепак, овој факт најверојатно ќе останеше непознат за повеќето ако внукот на германскиот специјалист за уво, грло и нос не ги пребараше семејните архиви за потребите на училишниот проект.

Британскиот експерт за германска историја Ричард Џеј Еванс ја потврди автентичноста на писмата во кои Хитлер ја изразува својата загриженост за можна тешка болест.

„Ако нешто не е во ред, апсолутно мора да знам“, му напишал Хитлер на докторот по нивната прва консултација во мај 1935 година. Локалниот весник NZZ am Sonntag наведува дека во писмата се споменува важноста што Хитлер му ја придавал на својот глас, бидејќи тоа му било важно на митинзите, собирите и во секојдневните политички говори што му донеле популарност и поддршка од поддржувачите.


Тие тврдат дека една операција за отстранување на полипот дури била одложена, бидејќи Фон Ајкен го советувал Хитлер дека по операцијата мора да ги одмори гласните жици и дека нема да може да држи говори.

Исто така, како што може да се види од писмата, овој лекар никогаш не го довел во прашање третманот на човекот кој е одговорен за бројните уништувања и смртни случаи на милиони луѓе убиени во Холокаустот и за време на Втората светска војна.

На прашањето на руските истражители по завршувањето на војната зошто не го убил Хитлер во една од приликите што му биле дадени, тој истакнал: „Јас бев неговиот лекар, а не неговиот убиец“.

Наместо тоа, нешто по полноќ на 30 април 1945 година, креаторот на најголемата машинерија за масовен криминал во историјата, со својата љубовница Ева Браун, изврши самоубиство во бункер во близина на Берлин.


Фото и Видео: Фејсбук