И ова може да се најде на продажба на Интернет кај нас: Собра над 300 коментари, не многу пријатни
Денес купувањето на проиводи е по достапно од кога и да било досега. Маркетите најчесто се подобро снабдени, но исто така многу нешта можат да се купат и на Интернет. Постојат мал милион онлајн продавници, но на Фејсбук има и многу групи на кои граѓани споделуваат кои нешта сакат да ги продадат.
Се продаваат половни автомобили, велосипеди, машини за перење алишта, регали, теписи, што ли не‘, но една објава на група за огласи собра многу коментари.
Имено, едно лице сподели дека продава змија - питон.
Цената не е напишана во коментарите, но некако продажбата на змијата никој не ја очекуваше, па објавата наиде на над 300 коментари.
Повеќето пишуваат дека сакаат да ја купат змијата за да ја усмртат, други зборат дека е морничава, трети дека се‘ може да се најде на Интернет...
Што мислите вие? Дали на змијата и е место во оваа група?
Фото: Фејсбук - printscreen / unsplash