Ѝ прости што го посрамоти: Метју Меконахи тврд како орев, ама се смири со мајка му
И холивудските актери понекогаш живеат како во шпанска серија.
Американскиот заводник Метју Меконахи и неговата мајка Кеј го дадоа првото заедничко интервју откако со години беа скарани и тоа откако холивудскиот заводник ги објави мемоарите под назив „Greenlights“.
Имено, односот помеѓу мајката и познатиот син во последните неколку години беше многу лош, а за средувањето на односите зборуваа во подкастот кој го води сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, под назив „Red Table Talk“, кој се емитува на Фејсбук.
Оскаровецот пред неколку години и се налути на сопствената мајка, бидејќи на медиумите им откри приватни детали од нивниот живот, ги пушти телевизиските екипи во домот во кој тој израснал и откри на кое место првпат имал интимни односи со некоја девојка.
Метју кажа дека со текот на време ѝ простил, но дека многу го посрамотила тогаш, меѓутоа нивниот однос сега е многу подобрен па за време на пандемијата живеат заедно.
„Беше тешко осум години, но помина и сега сме на друга страна. Сега сѐ е добро“ - кажа Метју кој вели дека сега се во добри односи.